Литературно мементо во чест на големиот руски поет Сергеј Есенин ќе се одржи вечер во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.
Повод за чествувањето е 110 од раѓањето и 90 години од смртта на поетот.
Беседа за бесмртниот Есенин ќе одржи поетот Братислав Ташковски, стихови на македонски јазик ќе кажува актерот Томе Витанов, а дел од поезијата на Сергеј Есенин на руски јазик ќе прочита поетесата Олга Панкина.