Во два самоубиствени напади во Нигерија загинаа најмалку 27 луѓе

Од:

Во денешните два самоубиствени напади на автобуски станици во северниот дел на Нигерија загинаа најмалку 27 луѓе, а повеќе десетици се повредени.

Првата експлозија се случи на автобуска станица во североисточниот нигериски град Потискум, при што загинаа најмалку 17 луѓе, а над 50 се повредени.

Нападот го изврши жена-самоубиец, која се обидела да се качи во автобус пред да го активира експлозивот.

Другата експлозија се случи четири часа подоцна на автобуска станица во Кану, најголем град во северна Нигерија, кој е често цел на напади на Боко харам. Двајца бомбаши-самоубијци активирале експлозив во автобус, при што загинаа десет луѓе.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он