Авионски патници чекале седум часови за да се одмори пилотот кој ги надминал работните часови

Од:

Патниците од авионот на „Ер Франс“ што на својот лет од Њујорк за Париз, бил пренасочен во Манчестер, седум часа останале заробени во аеродромската зграда, додека чекале пилотот да се одмори, затоа што го надминал дозволниот број часови за летање.

Вкупно 460 патници од Ербасот А-380 останале со часови затворени во чекалните на аеродромот, без вода и без храна, додека раководството на француската компанија размислувала како да ја разреши настанатата ситуација, за што виновно било лошото време во Њујорк.

Според исказите на патниците, авионот слетал во Манчестер во 23.30 часот, а луѓето одново влегле во Ербасот, на лет за Париз дури утредента, во шест часот. Никој не можел да излезе од зоната во која биле оставени, а никој не дошол да им дотури храна или вода за пиење. Дури рано утредента, пред да можат пак да се упатат кон авионот им биле доставени само 50 сендвичи со кои можел да се нахрани секој деветти патник.

Во најтешка ситуација биле 13 патници од Велика Британија,а меѓу нив и една жена од Манчестер која живеела на десетина километри од аедодромската зграда. Кога дошло времето,авионот да полета до Париз,британските патници одбиле да се качат во авионот,преморени и изреволтирани од постапката на авонската компанија и од управата на аеродромот.

Авионот полетал за францускиот главен град,заедно со целиот багаж на британските патници кои подоцна изјавувале дека повеќе немале сили за летање и патување,особено што требало пак да чекаат во Париз за да бидат сместени во некој нов лет, за да се вратат назад во Манчестер.

Целиот проблем настанал уште во Њујорк, каде авионот доцнел четири часови. Причина за тоа било многу студеното време во тој дел од Америка,па авионот на „Ер Франс“ толку часови чекал на ред за да биде одмрзнат и за да му биде дозволено да полета.

Во тој момент, пилотот веќе потрошил четири од неговите 11 дозволени часови за летање. Кога авионот полетал станало јасно дека до Париз драстично ќе го надмине бројот на часови, па се одлучило авионот да се спушти во Манчестер, за да пилотот и екипажот се одморат.

Нема објаснување,зашто патниците не биле префрлени до Париз со резервен екипаж и зашто никој не им дал храна и вода додека чекале пилотот да се наспие.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ