Со спорт против туберкулозата

Од:

Под мотото „Гол против туберкулозата“ денеска на еден месец пред Светскиот ден на борба против туберкулозата, штитениците од домот „11 Октомври“ во Скопје беа домаќини на спортски натпревар на кој испратија порака дека превенцијата и заштитата од болеста е единствен начин да се намали стапката на заболени.

По натпреварот децата имаа едукативен час на кој се запознаа што всушност е туберкулозата и како да се заштитат од неа, а одговараа и на квиз прашања што ги поставуваше пејачката Дани Димитровска.

– Дававме голови и преку квиз дознавме многу информации. Всушност сакаме да ја подигнеме свесноста за туберкулозата како болест која постои, истакна Димитровска.

Туберкулозата е заразна болест која најчесто се пренесува преку воздухот, најчесто се инфицирани белите дробови, но може да бидат опфатени и другите органи. Здравиот организам обично успешно ја совладува инфекцијата и не дозволува појава на болест. Ако поради различни причини, имуниот систем не успее да ја совлада инфекцијата, тогаш организмот заболува од белодробна туберкулоза. Кај 5-10 отсто од инфицираните во текот на животот настанува туберкулозно заболување, а тоа се случува кога отпорноста на организмот ќе опадне од разни причини: нередовна и слаба исхрана, лоши хигиенски услови за живот и работа, преголем физички и психички напор, стрес, консумирање големо количество алкохол и цигари и друго.

Туберкулозата во светски рамки е на трето место како причина за смрт кај жените во репродуктивниот период и четврто место како причина за смрт кај жените од сите возрасти. Повеќе од половина милион жени умираат од туберкулоза секоја година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза