Ограбени црквите „Св.Атанасие“ во Неготино и „Св.Димитрија“ во Валандово

Од:

Во периодот од 18 до 23 февруари оваа година ограбени се црквите „Св.Атанасие“ во неготино и „Св.Димитрија“, во Валандово.

На 18.02.2015 година во Неготино, во црква „Св.Атанасие“, непознат сторител извршил тешка кражба при што одземени се околу 50.000 денари.

Сторителот со бормашина делувал на шифрираниот бројчаник на металната каса, ја отворил и ги одзел парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 22/23.02.2015 година во Валандово, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“, при што одзел околу 3.000 денари. Имено, истиот насилно ја отворил влезната врата од црквата, ги одзел парите и заминал во непознат правец.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски