На подрачјето на Велес контролирани се 27 угостителски објекти од различен вид при што не се констатирани никакви неправилности во работењето. Исто така и на подрачјето на Неготино и Демир Капија кај контролираните 23 објекти не се детектирани неправилности во работењето.
На подрачјето на Кавадарци и Росоман, пак, проверка е извршена во 25 угостителски објекти, а од извршената контрола во еден угостителки објект се констатирани два прекршока по Закон за заштита од пушење при што на сторителите им се издадени покани за наплата на глоба, а од страна на Пазарна инспекција и Управа за јавни приходи против правното лице, како и одговорното лице на објектот издадени се платни налози за наплата на глоба и забрана за работа на објектот во времетраење од 15 дена.