„Шпионските телеграми“ на британски МИ6, израелски Мосад, руски ФСБ, јужноарфикански ССА и австралиски АСИО, наскоро ќе бидат обелоденети во јавност.
„Ал Џазира“ тврди дека поседува тајни документи и дека претстои „најголемото протекување на разузнавачки информации од Сноуден“.
Според наводите материјалот ќе биде објавен во соработка со британски „Гардијан“.
Издавачите ветуваат „увид брз преседан во операционите договори на тајното и силно политизирано царство на глобална шпионажа“.
Записите кои што датираат од периодот помеѓу 2006 и 2014 година, наводно содржат„вистинска“ проценка на Израел за иранските нуклеарни способности, како и операција на МИ6 за регрутирање на севернокорејски шпион, чија цел е атентат на лидерот на Африканската унија.
Според пишувањето на „Ал Џазира“ извор на документите е јужноафриканската ССА агенција.
За обелоденување се подготвуваат детални извештаи и интерни анализи на оперативци на Јужноафриканската агенција за национална безбедност, токму како и тајното допишување со америкнската разузнавачка агенција ЦИА, британската МИ6, израелски Мосад, руски ФСБ и иранските оперативци.
Е. Г.