Милиони вљубеници во филмот повторно оваа есен ќе се соберат да го гледаат 23-тиот филм со најпознатиот британски таен агент Џејмс Бонд „Skyfall“.
Всушност овој аген е и најпознатиот Британец во светот, покрај Кралицата, само што тој е измислен. и поминаа точно 50 години од неговото прво појавување на филмското платно.
Првиот филм со Џемјс „Doktor No“ беше прикажан на 5. октомври 1962 година. Главниот лик е смртоносниот таен агент кој носи „Савил Роу“ костуми, вози „Астон Мартин“, го пие своето мартини „протресено“, а себе си се преставува како „Бонд, Џејмс Бонд“.
Што е тајната на неговиот успех?
Роџер Мур, кој глумеше во седум фима за Бонд, повеќе од било кој друг актер, тврди дека публиката знае што да очекува од филмот и затоа го сака.
„Тој е како приказна за добра ноќ. Се додека не се отстапи премногу од оригиналот, детето е среќно затоа што го добило тоа што го очекувало. Публиката очекува убави девојки, акција, направи, а тоа и го добива – формула е во прашање“, вели Мур.
Оваа формула има скромни почетоци. Двајцата млади продуценти, Канаѓанецот Хери Салцман и Американецот Алберт Броколи ги купиле правата на серијалот романи на Јан Флеминг, поранешен разузнавач во Втората светска војна, кој го креираше ликот на тајниот агент според сопственото алтер его.
„Everything or Nothing“ е новиот документарен филм за Бонд, кој ќе биде прикажан на крајот на оваа недела на британската телевизија. Во него се проследува целата историја на Бонд, од првиот до последниот. Според овој документарец Салцман и Броколи имале скромен буџет за филмот, само еден милион долари, но ја имале таа среќа да привлечат неверојатни таленти покрај себе.
Шон Конери, тогаш. релативно непознат шкотски актер и поранешен бодибилдер, бил избран да го игра Бонд, и покрај противењето на студиото „UA“ , кое сакало тоа да биде Кери Грант.
Во документарецот „Everything or Nothing“, Броколу открива дека за да биде Конери во улога на Бонд, најголемо влијание имала неговата сопруга која му кажала дека Конери е многу секси.
Зад сцената, на филмот работеле и многу други уметници како што се Џон Бари, кој ја компонирал воведната тема за Бонд, Морис Биндер, автор на познатата секвенца со пиштолот на Бонд, и дизајнерот Кен Адам, чии футуристички идеи придонеле филмот да изгледа модерно и „кул“.
Во документарецот Адам открива дека тогаш бил „луд и храбар“, додека сите останати велат дека биле опуштени за време на снимањето.
„Тоа беа убави денови“, вели Дејвид М. Кеј чија компанија ги обезбедила авионите за привите филмови за Бонд. „Тогаш не постоеја строги правила за безбедност какви што има сега, а Броколи беше апсолутен кавалер и секогаш бараше нешто речиси невозможно“, додава Кеј.
Сè било неворејатно забавно, па и чувството дека „Doktor No“ се појавил во кината во време кога Британија кукала поради мерките за штедење по Втората светска војна.
Сепак филмот успеал и сите биле фасцинирани од него.
Конери по шест филма ги „откачи“ продуцентите, иако се врати во еден „Никогаш не вели никогаш“, сниман во раните ’80-ти.
По него следеа Џорџ Лазенби, Роџер Мур, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крег.
Овде мораме да ги спомнеме и пропадничките на понежниот пол, кои имаа истоа така пресудна улога во успехот на Бонд, атрактивните и преубави девојки на Бонд, Урсула Андрес, Мие Хама, Дијана Риг, Џил Џонс, Барбара Бах, Керол Буке, Мод Адамс, Ким Бесинџер, Тања Робертс, Марјам Д’Або, Кери Лоуел, Изабела Скорупко, Хали Бери и многу други.
За едно 50-годишно момче, агентот 007 изгледа како да е во добра форма. Дали ќе преживее понатаму, уредникот на списанието „007“, Грејам Рај вели дека да, „феноменот Џејмс Бонд е ист како и дијамант, тој е вечен“.