Видеата од следењето на Бошкоски покажаа дека немало фер избори во 2011-та

Од:

Видеата кој се поставуваат на каналот YouTube, а се дел од посебни истражни мерки кои се користени врз претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски освен што се кривично дело ја оспоруваат и легалноста на предвремените парламентарни избори во 2011-та година.

Снимките кои мистериозно се појавуваат, а се поставуваат од извесен профил Chklj според датумите се снимани во предизборна кампања што докажува дека Бошкоски бил под ПИ-мерки и бил следен.

Истите видеа беа користени во процесот против Бошкоски за нелегално финасирање на кампањата, иако не се поклопуваат со датумите кога старуваше и заврши изборната кампања во 2011 година.

Видеата само ја потврдуваат спрегата полиција-обвинителство-медиуми за што разговараа и двајца високи функционери, на материјалите објавени од СДСМ, а на кои се договораат како на една телевизија да оди видео со “дознаваме“, а Бошкоски да се претстави како предавник.

Разговорот се води за да се одвлече вниманието од неговото апсење, па со прогласувањето за предавник на името истото полесно би се прифатило, па дури и ќе се најде оправдување.

Сепак, останува фактот дека Бошкоски бил следен цело време, а полицијата го знаела секој негов чекор. Ова фрла црна дамка на изборниот процес во 2011-та со тоа што еден од најлутите критичари на Никола Груевски бил следен во текот на изборната кампања. Ако полицијата со налог од судот го следела и снимала Бошкоски, власта го знаела секој негов чекор што значи ги имала информациите за потезите на лидерот на ОМ однапред како и за неговите гласачи.

Со овој потег се отвара дилемата колку изборите во 2011-та биле фер и демократски ако лидер на партија бил следен во текот на предизборната кампања, но и пред нејзиниот старт. Бошкоски беше уапсен на шести јуни 2011-та во ресторанот Воденица под обвинение дека нелегално ја финасирал неговата партија, во како што се гледа ситуција однапред подготвен соговорник провокатор.

Против Бошкоски се покрена уште едно обвинение за помагање убиство, и доби казна од 10 години, повторно со заштитен сведок. Стеј департментот во неколку извештаи нотираше дека во Македонија има политички затвореници. По објавувањето на снимените разговори од страна на СДСМ, на сите им е јасно како видеа снимени со посебни истражни мерки и налог од судот протекуваат во јавност.

Видеата се објавени за да се амортизира штетата и да се одвлече вниманието од аферата “прислушување“ од местенките за апсење, односно се прави сценариото кое се подготвувало и во 2011 година.На видеата се гледа дека Бошкоски зема пари за кампањата, но освен во ударните наслови, никаде нема како говори дека за тие пари ќе го “сменел“ името.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска