А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворени денови со катастарот во Скопје

by А1он23/02/2015 - 15:35129
Share0

Единаесет тимови со геодети и правници на Катастарот даваат совети и информации за катастарски предмети и нејаснотии од областа на средби со граѓани во рамки на отворените денови што ги организира од денеска во Скопје оваа институција.

Добивај вести на вибер

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, за консултации во скопскиот Центар за катастар на недвижности за денеска се пријавени 50 граѓани, покрај кои од катастарските служби ќе бидат примени и другите кои се заинтересирани.

– Катастарот ги отвора вратите за граѓаните. Целта е да им го приближиме катастарот и да им излеземе во пресрет со информации, совети, појаснувања и евентуално отстранување грешки за одредени предмети. Стручните служби, менаџментот на Кататарот е присутен на овие средби со цел да ја подобриме работата. Покрај за конкретни предмети има барања за појаснувања на постапки и потребна документација за впишување имоти за легализација, приватизација на дворни места и за други работи во надлежност на катастарот, изјави Трпески.

Отворените денови со Катастарот, истакнува, се значајни за граѓаните но и за подобрување на работата на Катастарот затоа што добиваме сугестии и најразлични предлози за услугите што ги нудиме и нивно поголемо доближување до граѓаните.

Во тек на седмата акција „Отворни денови“ на Катастарот, што почна на 24 ноември лани, досега во 24 града се примени 2.000 граѓани. Во 80 случаи, како што информира Трпески, се утврдени грешки во предмети на кои работел катастарот и се отстранети. За територијата на Скопје, каде има отворени денови по четврти пат, имало 800 странки. Во Скопскиот катастар отворените денови ќе траат до петок. До крајот на годинешнава кампања, која треба да заврши до 20 март, треба да се реализираат отворени денови во подачните одделенија на Катастарот во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Дебар…

katastar

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катерина Ѓуровски24/10/2024 - 09:25

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски23/08/2024 - 14:4423/08/2024 - 14:44

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски17/06/2024 - 14:4817/06/2024 - 14:48

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on05/04/2024 - 12:53

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Катерина Ѓуровски19/03/2024 - 14:04

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on21/02/2024 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен