Резултатите од една анкета спроведена од 16 до 20 февруари во Тајланд, покажуваат дури 71 отсто од испитаниците рекле дека во државата се уште нема услови за организирање мирни избори.
Како главни причини се наведени несмиреното ривалство меѓу граѓанската и проројалистичката коалиција, чија нетрпеливост доведе до масовни и крвави протести во државата кои завршија со воен удар пред една година.
Меѓу 1.441 анкетирани биле и 560 шефови на провинциски и локални управи. Тие сметаат дека во Тајланд треба да остане на сила вонредната состојба, што ја воведе воената хунта и да заврши изготвувањето на новиот Устав.
Според водачот на државниот удар, генералот Прајут Кан-ока, кој сега е на чело на преодната влада, изборите што прво беа најавувани за крајот на оваа ќе може да се организираат најрано во мај идната година.