Прогласени најдобрите маски на Стумичкиот карневал

Од:

Стручното жири на „Струмичкиот карневал 2015“ денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ ги објави првонаградените маски во повеќе категории.

Маските „Ловци на соништа“ од СОУ „Јане Сандански“, „Каревјанци“ од СОУ „Никола Карев“ и Рингишпил“ од СОУ „Димитар Влахов“ ја делат првата награда во категоријата групна маска со над 50 учесници во износ од 700 евра

Во категоријата Б каде бројот научесници е од 20 до 49 прва награда освои маската „Божествена комедија“, а втората награда ја делат маските „Патот на свилата“ и „Арлекин“.

Најдобри во категоријата од 10 до 19 учесници се прогласени маските,„Зелени дијаманти“, „Кралски Шкорпии“ и „Етнофутуризам“ кои ќе добијат по 150 евра

Во категоријата мала група – слободна тема наградени се маските „Рогато племе“ на Цветко Багашевски, „Лазаренки“ на Слободан Ангелов и „Девојките од Индија“ на Маја и Мафија.

„Кошарот Рамче“ на Тони Стаменов, „Планинска убавица“ на Аце Багашевски се најдбори поединечни маски, а „Храброто глувче“ е прво во категоријата изворна тема.

Иван Јовев, член на жирито информира дека на интернационалната карневалска маска учествувале 52 групни и поединечни маски, од кои 23 биле гости од карневалските градови и не учествувале во натпреварувачкиот дел.

Организацискиот одбор на карневалот доделил и шест стимулативни награди на маските „Танцот на пингвините“, „Аура на бесмртноста“,„Танцот на куклите“, „Масони“ и „ГМО моркови“.

Наградите ќе бидат доделени утре по традиционалното карневалско корзо на кое со неформална парада повторно ќе продефилираат наградените маски.

Во рамките на карневалските празнувања денеска се дели бел граф, а вечерва ќе бидат доделени наградите на годинашните добитници на Интернационалниот фестивал на карикатури и афоризми.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски