Попоски: Хан не дојде со волшебно решение

Од:

Европската комисија (ЕК) очекува политичка зрелост од сите чинители, што значи и препознавање на институциите и тоа дека политичкиот дијалог мора да се води во Парламентот, изјави во понеделникот министерот за надворешни работи Никола Попоски, коментирајќи ја минатонеделната посета на еврокомесарот за соседна политика и пристапни преговори Јоханес Хан на земјава.

„Мора да постои свест дека сите политички чинители имаат одговорност за дијалог во Собранието и тука нема никаква алтернатива. Еврокомесарот Хан не дојде со свој план или свое волшебно решение туку дојде со јасна порака дека сите во Македонија имаме одговорност за тоа процесите да се одвиват во сите соодветни демократски институции“, изјави шефот на македонската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија