Утре, точно напладне, пред Фондот за здравствено осигурување ќе почне голем протестен марш насловен „Црвен картон за министерот за здравство, Никола Тодоров“.
Крајна цел на маршот ќе биде Министерството за здравство, каде што сите присутни ќе побараат оставки од Тодоров и од дриректорите на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази, оставки од членовите во Управниот одбор, како одговорни лица во ФЗО, и од членови на првостепена и на второстепена комисија.
Присутните ќе бараат и кривична одговорност за директорите,членовите на управниот одбор и на првостепена и второстепена комисија поради несовесно работење.
– Да побараме правда за Тамара, но и за сите граѓани поради тоа што имаме право на живот- пишува во најавата за маршот.
Малата Тамара Димовска од Велес почина чекајќи го решението од Фондот за здравство за да замине на операција во Турција, која чинеше само 30.000 евра.
Извор: Мета