Генералниот директор на британската банка Ејџ Ес Би Си (HSBC) Стјуарт Гуливер имал милиони на сметка во Швајцарија, објави Гардијан.
Тоа е најново откритие во скандалот со финансиски измами и перење пари кој ја потресе банката и предизвика политичка бура пред парламентарните избори во мај во Велика Британија.
Според Гардијан, Гуливер бил клиент на швајцарска филијала на банката обвинета дека им помагала на клиенти да вршат даночни измами.
Гуливер имал во 2007 година 7,6 милиони долари на сметка на името на регистрираната во Панама компанија Worcester Equitites Inc. , наведува весникот.
Портпарол на Гуливер вели дека генералниот директор внел на банкарска сметка во Швајцарија бонуси добиени во 2003 година кога се префрлил од Хонг Конг во Лондон.