Најмалку пет луѓе загинаа, а десетина се повредени во градот Потискум, североисточна Нигерија, кога на еден контролен пункт жена-самоубиец активирала експлозив.
Според очевидци жената одбила да биде претресена пред влезот во локален пазар, по што одекнала експлозија.
Таа ја активирала бомбата, убивајќи се себе си и уште пет лица.
За нападот се уште ниту една терористичка група не презеде одговорност.