Сирија: Упадот на турската армија е чин на агресија

Од:

Сириската Влада денеска упадот на Турција во северниот дел на Сирија го оцени како агресивен чин, додавајќи оти Анкара ќе биде одговорна за последниците.

– Турција не е задоволна со тоа што им дава секаков вид на поддршка на своите марионети од Даеш (Исламска држава), Фронтот Ал Нусра (огранок на Ал Каеда) и на другите терористички групи. Турција дури изведе … безобразна агресија врз сириска територија, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека турската Влада ги известила Конзулатот на Сирија во Истанбул за операцијата за дислоцирање на гробницата на Сулејман Шах, но оти не чекала дозвола од Дамаск.

Турската војска синоќа евакуира 40 турски војници кои ја чуваат гробницата на Сулејман Шах, дедото на основачот на Отоманската империја. Гробницата се наоѓа на локацијата, која Анкара ја смета за суверена територија.

– Фактот дека ИД не ја има нападнато гробницата ја потврдува цврстата врска меѓу турската Влада и ова терористичка организација, се наведува во соопшттението на сириското МНР.

Сириските власти тврдат дека операцијата на турската армија претставува кршење на договорот потпишан во 1921 година, со кој гробницата на Сулејман Шах е турска енклава во Сирија. Гробницата се наоѓа во близина на турско-сириската граница, јужно од градот Кобане.

Посмртните остатоци на Сулејман Шах исто така се дислоцирани, а гробницата била разурната за да не се користи од припадниците на Исламска држава (ИД).

Во текот на воената интервенција немало судири со џихадистите на ИД, но еден турски војник загинал. Според турските воени власти, војникот загинал во несреќен инцидент.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он