Чешката полиција ги евакуира граѓаните кои се наоѓаат на железничките станици во Брно, Оломоуц, Хомутов, Либерец и Острава, поради закани за поставена бомба од анонимен јавувач, кој не прецизирал каде е поставен евентуалниот експлозив.
Според портпаролката на полицијата Јана Масарикова, засега не е откриена сомнителна направа, но и покрај тоа се евакуираат и проверуваат железничките станици во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
Од безбедносни причини е затворен и пренасочен сообраќајот кој се одвива во непосредна близина на железничките станици.