Бундестагот се сомнева во искреноста на Грција

Од:

Различни се ставовите во германскиот Парламент за вчерашниот договор на членките на еврозоната со Грција со кој што Атина доби четири месеци продолжување на програмата за финансиска помош под услов да ги продолжи реформите договорени со предходната влада.

За разлика од опозициските партии на зелените и левицата, кои го поздравија исходот од состаноток во Брисел, дел од владеачките партии со сомнежи  за направениот компромис.

Претседавачот со Комитетот за финасии на Бундестагот, Ханс Микелбах, од партијата ЦСУ,  партнер на канцеларката Меркел, вели дека без соодветни потези од Атина „договорот е безвреден“. Според него Европа не смее да биде залажана од празните ветувања на Грција. Микелбах не очекува  транзициската програма да биде одобрена од Бундестагот во текот на февруари затоа што „Парламентот мора да истражи и да разговара за суштината на договорот во детали“.

Според набљудувачите, доколку во понеделник Грција не поднесе конкретна листа на мерки во кои што ќе ги нема ветувањата за олеснување на мерките за штедење, што се тешки 20 милијарди евра, петочниот договор може целосно да пропадне.

Според најавата на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој по состанокот на еврогрупата изјави дека СИРИЗА  ќе има проблем на своите гласачи да им го објасни договорот, се очекува за два дена Ципрас целосно да се откаже од намерите да ја зголеми минималната плата, да ги врати сите избркани на работа, да даде 13 пензија и генерално да ги укине мерките за штедење што беше причина за неговата победа на изборите. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски