Кери: Не сме подготвени за играње игри со Русите

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека САД и нејзините сојузници не се подготвени да играат игри со Русија и дека ја разгледуваат можноста за воведување дополнителни санкции за Москва заради нејзината улога во кризата на истокот на Украина.

-Русија  во текот на изминатите неколку дена се впушти во апсолутно дрзок и циничен процес, рече Кери на почетокот на состанокот со својот британски колега Филип Хамонд, пренесуваат британските медиуми.

-Ние разговараме за дополнителни санкции, за дополнителни напори, и уверен сум дека во следните неколку дена на луѓето ќе им биде јасно дека ние не сакаме да ја играме оваа игра…и да бидеме дел од ваков вид исклучително кукаквичко однесување, истакна Кери.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за трупање војници и оружје на истокот од Украина во судирот што е продолжен и покрај официјалното стапување на сила на прекинот на огнот на 15 февруари. 

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска