Припадници на Ватиканската полиција кои денеска сведочеа во процесот против батлерот на папата Паоло Габриел тврдеа дека пронашле неколку илјади оригинални документи кои ги потпишал папата Бендедикт 16 ти и кои биле обележани дека треба да бидат уништени.
Од Ватикан денеска најавија дека дусењето се прекинува до сабота, кога треба да биде изречена пресудата по обвинението за кражба и откривање доверливи документи.
Инспекторот Силвано Карли рече дека неколку илјади документи се пронајдени во станот на обвинетиот, а меѓу нив околу 1000. документи од големо значење со оглед дека се работи за оригинални или фотокопирани документи на Светата столица.
Тој исто кажа дека дека се откриени писма на кардиналот и на политичари. Како што наведе полицискиот инспектор, кражбата на шифрираните документи на Ватикан ги загрозила одредени активности на Светата столица.