Состанок на Координативното тело за превенција од природни непогоди

Од:

Координативното тело за превенција од природни непогоди денеска одржа состанок на кој се разгледуваше моменталната хидролошка состојба во Република Македонија и беа предвидени потребните мерки за превенција во наредниот период, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, в недела во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд од 20 до 40 литри на метар квадратен.

Согласно прогнозата, во среда се очекуваат нови врнежи од дожд со интензитет од над 30 литри на метар квадратен. Дождовите ќе бидат во западните и јужните делови на Република Македонија.

На состанокот, стои во соопштението, биле дадени насоки на водостопанските организации, кои стопанисуваат со браните за регулирано испуштање на вода од истите.

Состојбата се следи од сите надлежни институции, и за ваквата прогноза се известени сите ЕЛС со цел навремено преземање на соодвени превентивни мерки. 

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Полска: Водата однесе автомобил со деца, исчезна цел град, настрада познат хирург

(ВИДЕО) „Борис“ во Европа одзеде најмалку седум животи, илјадници семејства немаат каде да преспијат

A1on

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Поплави во Полска: Едно лице се удави, 1.600 луѓе евакуирани