Најмалку 40 студенти се убиени во масакрот во Нигерија

Од:

Бројот на студенти кои беа убиени во студентскиот дом во градот Муби во североисточна Нигерија, каде непознати напаѓачи пукале во жртвите, а потоа им ги пресекле грлата, се искачи на најмалку 40, е соопштено денес.

Врз основа на податоците на локалните власти, во вчерашниот напад убиени се најмалку 40 лица – изјави неименуван официјален претставник на Политехничкиот факултет во Муби, додавајќи дека претходниот биланс изнесуваше 26 жртви.

Досега нема официјални коментари за нападот кој беше извршен во студентски дом во близина на Политехничкиот кампус, само неколку дена по големата операција против екстремистичката група Боко Харам во градот.

Неименуван професор на Политехничкиот факултет рече дека напаѓачите барале од студентите, пред да ги убијат, да го кажат своето име, но не е јасно зошто некои се убиени, а други се поштедени и дека меѓу жртвите има муслимани.

Муби е град во државата Адамава, каде што живеат и муслимани и христијани, и се граничи со државата Борно, каде што членовите на милитантната исламистичка група Боко Харам во 2009 година започна бунт.

Оваа група за сега не го коментираше нападот во Муби.

Армијата на Нигерија минатата недела во напад во Муби, уби еден од лидерите и 35 други членови на групата и уапси 156 милитанти.

Припаднивците на Боко Харам се борат за воспоставување на шеријатскиот закон во Нигерија, а во нападите оваа година убија повеќе од 1.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он