Лукшиќ можен кандидат за генерален секретар на ОН

Од:

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски интеграции Игор Лукшиќ е најсериозниот кандидат во името на Црна Гора да биде предложен за нов генерален секретар на Обединетите нации, дознава подгоричкиот дневен весник „Дан“.

Од црногорското Министерство за надворешни работи и европска интеграција за весникот изјавиле дека со оглед на тоа што изборите се одржуваат следната година, Црна Гора благовремено ќе донесе одлука дали ќе имa свој кандидат или ќе поддржи друг.

Но, според сознанијата на „Дан“ одделни црногорски дипломати во западните престолнини веќе го „испитуваат теренот“ дали постои поддршка за кандидатурата на Лукшиќ на местото генерален секретар на ОН, функција која во 2016 година би требало да припадне на некоја од источноевропските држави.

Лукшиќ од 2010 и 2012 беше премиер на Црна Гора,  а по враќањето на Мило Гукановиќ на премиерската функција, тој е шеф на црногорската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот