Германија не сака да ја продолжи финансиската помош за Грција

Од:

Германија вчера го одби барањето на Грција за продолжување на финансискиот пакет помош за шест месеци, што државата ја приближи до целосен банкрот, оценуваат аналитичарите.

Покрај тоа, тие наведуваат дека Атина во рамки на новите преговори со Брисел се согласила Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд да го надгледуваат нејзиното опоравување, што претставува прекршување на предизборното ветување на премиерот Алексис Ципрас.

За потсетување тој се заколна дека ќе ја прекине соработката со инспекторите на таканаречената „тројка“ и ја обвини дека во претходниот период на државата и нанела голема економска и социјална штета, наметнувајќи и строги мерки за штедење.

-Писмото од Атина не нуди доволно добро решение. Целта на предлогот е привремено финансирање, без исполнување на обврските од програмата за меѓународна помош. Писмото не ги задоволува критериумите договорени на состанокот на министрите за финансии во еврозоната – изјави портпаролот на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

-Вчерашното барање на Грција има за цел да обезбеди заштитен чадор за банкарскиот сектор на државата- изјави неименувано официјално лице и додаде дека барањето се однесува на продолжување на кредитниот договор кој Грција ја спаси од банкрот во 2010 година и чија што клучна компонента истекува за девет дена.

-Атина не побара продолжување на мерките за штедење, зголемување на даноците и реформи кои се сметаат за клучен услов за одобрување на заем -нагласи тој.

Инаку Грција во формалното барање упатено до Брисел има за цел на Атина да и се пружи доволно време да осмисли нов четиригодишен план за реформи.

Меѓутоа „тројката“ и даде рок на Атина до крајот на неделава да поднесе барање за продолжување на постоечката програма за помош, вклучувајќи ги и мерките зе буџетско штедење, а министрите за финансии на 19 држави од еврозоната денес во Брисел ќе одржат вонреден состанок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски