Унапредената „Евора“ има поагресивен изглед, како навестување на дополнителните „коњи“ што се кријат под поклопецот на моторот.
Компанијата „Лотус“ го опишува моделот „ Евора 400“ како „најбрз и најсилен сериски автомобил“ што излегол од погонот на овој производител.
Таков епитет заслужила пред се благодарение на 3.5-литарскиот В6 мотор со компресор што произведува 405 кс (298 кW) и 410 Нм максимален вртежен момент.
Тоа е доволно автомобилот со помош на подобрениот шестбрзински мануелен менувач од 0 до 96 километри на час (60 милји на час) да стигне за 4,1 секунда, односно за 4,2 секунди кога моторот е удвоен со опцискиот шестстепен автоматски менувач.
Максималната брзина што овој модел на „Лотус“ може да ја постигне изнесува 300 километри на час, а во компанијата наведуваат дека, во споредба со претходната верзија, на „Евора 400“ му се потребни шест секунди помалку да направи еден круг на тест патеката Хетхел.
Освен посилниот мотор, преформансите се подобрени и брагодарение на конструциските измени што придонеле за намалување на масата на возилото за 22 килограми.
Во „Лотус“ велат дека го унапредиле и потпирањето на автомобилот и дека вградиле посилни запирачки, додека измените во дизајнот на браникот придонеле „Евора 400“ има поагресивен изглед од претходникот.
Рестилизирани се и надворешните ретровизори, а автомобилот е поставен на нови 19 инчни алу фелни, додека во понудата има и тркала со димензии од 20 инчи.
Сериското производство почнува во ова лето, а првите испораки за купувачите во Европа се планирани за август.