ХЛК: Дури 923 хрватски лекари побарале дозвола за заминување на работа во странство

Од:

Од влегувањето на Хрватска во Европската унија, 923 лекари побарале документација за работа во странство, а истовремено само 135 покажале интерес за доаѓање во земјата, и тоа најмногу лекари од соседните земји кои имаат хрватско државјанство, се дознава во Хрватската лекарска комора, а пренесува ХРТ.

Најчесто си заминуваат анестезиолози, радиолози, хирурзи и гинеколози, на просечна возраст од 39 години.

Шеесет отсто од нив се болнички доктори, а само 11 отсто матични лекари и лекари на итните служби, кои помалку се одлучуваат за заминување од земјата.

Но, Хрватска ја напуштаат и невработени лекари и оние без специјализација.

Претседателот на Лекарската комора, доктор Хрвоје Миниго, предупредува дека Хрватска наскоро може да се соочи со сериозниот проблем на недостиг на доктори на медицина и здравствени работници.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег