Фикции наспроти факти: Што е поважно за Оскар

Од:

Дали на гледачите им е важно што фактите изнесени во филм се точни, а што е уште поважно во контекст на сезоната на награди, дали вистината за филмот може да им наштети на шансите за некое остварување да добие Оскар? Или на членовите на Академијата за филм, која доделува Оскари им е важна само приказната?

Неколку филмови кои в недела ќе се најдат во трката за Оскар се темелени на вистински настани и за нив тоа се прашања од суштинско значење, пренесува Танјуг.

Филмот Селма за Мартин Лутер Кинг на режисерката Ава ДуВернеј го критикуваат поради погрешно претставување на претседателот на САД Линдон Џонсон, како непријател на овој борец за граѓански права на црнците.

Некои критичари го обвинуваат Клинт Иствуд дека со филмот Снајперист за елитниот снајперист на американската војска Крис Кајл, кој убил 160 луѓе во Ирак, го глорифицира масовното убиство.

Претходните години, филмот Тајната операција 00.30 (Zero Dark Thirty), кој исто така беше во трката за Оскар во 2013 година, се најде на удар на критики поради тоа што агентот на ЦИА која практикувала мачење на затворениците била претставена како хероина, но се нашле и тие кои тврделе дека филмот помогнал во реизбор на претседателот Барак Обама.

Таа година Оскарот за најдобар филм го доби остварувањето Арго, приказна за смела операција на ЦИА чија цел била да се извлечат шест американски дипломати заробени во Иран во 1979 година.

Филмот во режија на Бен Афлек бил критикуван поради преслободната интерпретација на историските факти и поради тоа што не оддал признание на Канада која учествувала во спасувачката операција.

Претходните години, филмовите на Оливер Стоун Џ. Ф. К. од 1991 година и Прекрасен ум на Рон Хауард во 2001 година исто така предизвикаа контроверзи.

– На еден филм контроверзи не му помагаат – вели Том Нунан кој го режираше филмот Судар (добитник на Оскар) и кој предава на Универзитетот Калифорнија. – Но, не е чудно што тие контроверзи сега се појавуваат, бидејќи тие можат да помогнат во елиминација на ривалите во клучните, финални фази на кампањата за Оскар.

– Конкуренцијата често е таа која ви го извлекува килимот под нозете – рече тој.

Том О`Нил, кој го води аналитичкиот сајт Goldderby.com смета дека членовите на Академијата сепак се потолерантни кон слободата која сценаристите ја имаат и фактот дека некоја улога може да биде сатанизирана.

– Не сметам дека контроверзите околу Снајперист ќе наштет на Бредли Купер, глумец во главна улога номиниран за Оскар. – Можеби дури и ќе му помогнат. Гласачите можеби ќе сакаат да помогнат на американскиот херој ако почуствуваат дека е нападнат.

Филмот Теорија на се, за британскиот астрофизичар Стивен Хокинг исто така е критикуван за преслободен пристап, овојпат во врска со неговата животна хронологија во врска со првата сопруга Џејн.

– Тоа е љубовна приказна и луѓето навиваат за оваа приказна, така што критиките нема да наштетат на шансите за филмот – вели О Нил.

Меѓутоа, тој смета дека контроверзата околу Линдон Џонсон во Селма, може да наштети на филмот. – Некои факти можат да се заобиколат, но мора да знаете кој е херојот, а кој е злосторникот. Членовите на Академијата не сакаат кога историска личност или улога драстично се изменети – рече тој.

Но, Нуман смета дека некое поигрување со фактите сепак е неизбежно.

– Филмот мора да има некои слободи, инаку нема емотивно да ги придобие гледачите. Гледањето на филм треба да биде забавно и на гледачите да пружи бегство од реалноста.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка