Телефонски разговор Ципрас-Меркел

Од:

Грчкиот премиерот Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа имале „конструктивен“ телефонски разговор, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчката Влада информира дека разговорот траел 50 минути и „бил одржан во позитивна клима, насочена кон изнаоѓање на заемно корисно решение за Грција и Еврозоната“.

Во Атина се коментира дека разговорот би можел да биде првиот чекор кон компромис меѓу двете земји, кои имаат спротивставени позиции за разговорите за грчкиот долг што предизвика загриженост во Еврозоната.

Грција вчера официјално побара шестмесечно продолжување на договорот за кредит, но германското Министерство за финансии ненадејно го отфрли предлогот.

Ципрас исто така, имал телефонски разговор со италијанскиот премиер Матео Ренци во рамките на барање начин како да се постигне договор за долгот на Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски