Оланд: Франција нема да се откаже од нуклеарното оружје

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд од воената база во Истр на југот од Франција, каде е стационирано француското нукеларно оружје, порача дека неговата земја нема да се откаже од него.

Оланд во оваа прилика ја образложи неговата визија за француската нуклеарна стратегија, односно нуклеарното одвраќање. – Франција нема намера да ги спушти рацете. Меѓународната ситуација не дозволува слабост, рече шефот на француската државата, додавајќи дека „времето на нуклеарно одвраќање не е надминато“.

– Во еден опасен свет, Франција нема да ги спушти рацете, нагласи Оланд, истакнувајќи дека „треба посебно сериозно да се нагалси оти постојат можности за идни конфликти кои директно или индиректно се однесува и на Франција“.

Оланд при тоа беше изненадувачки отворен за нуклеарните потенцијали на Франција. – Ова е причината зошто јас не се плашам да кажам дека Франција располага со три серии од 16 ракети M51 проектили на подморници и 54 проктили АСМПА на борбените авиони, рече Оланд.

– Франција беше пример за обемот на залихи на оружје… Ако другите арсенали треба да се намалат, Франција ќе ги извлече поуките. Денес сме далеку од ова, додаде францускиот претседателот, барајќи од другите земји исто така да направат напор за транспарентност.

За потенцијалот на француските резреви на оружје првпат проговори претходниот претседател Никола Саркози во Шербур во март 2008 година за време на неговиот прв претседателски говор посветен на одбранбените прашања. Тој тогаш ја откри апсолутната тајност што се чуваше дотогаш, за бројката на нуклерани проектили која група американски научници ја проценува на 348.

Оланд, исто така, го повтори ставот на Франција во однос на Иран.

– Зголемувањето на бројот на држави кои поседуваат нуклеарно оружје претставува голема закана за мирот… Тоа е смислата на нашата позиција веќе неколку месеци, ако не и години во преговорите со Иран: Да за цивилната нуклеарна енергија, не за нуклеарното оружје… Проблемот е што сега за сега, Иран се уште не покажа дека сака да се откаже од бомба. Но, кога тоа се случи, ќе биде постигнат договор, рече шефот на француската држава.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата