„Фејсбук“ работи на апликација за виртуелна реалност

Од:

Социјалната мрежа „Фејсбук“ работи на апликација што ќе овозможи на корисниците сами да создаваат сопствени содржини од виртуелна реалност.

„Фејсбук“ во март минатата година за две милијарди долари ја презема компанијата „Окулус“, позната по производство на уреди за виртуелна реалност. Компанијата сега потврди дека работи на апликација за виртуелна реалност со помош на која корисниците ќе може да создаваат сопствени содржини.

Директорот за производи на „Фејсбук“ Крис Кокс на конференцијата „Код/Медија“ во Калифорнија потврди дека компанијата работи на сопствена апликација за виртуелна реалност.

Виртуелната реалност е особено „кул“, изјави Кокс, без да открие многу детали за тоа како корисниците ќе создаваат сопствени содржини со виртуелна реалност, ниту кога тоа може да стане реалност.

Сепак, Кокс призна дека најверојатно сме многу далеку од тоа сите да имаат такви уреди.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска