АНАЛИЗА: Среде политичка криза – државни вработувања, зошто?

Од:

Масовни огласи за вработување во јавните прептријатија, државните агенции, образованието. Неколку дена пред да стапи на сила  новиот закон за администрација со кој се предвидуваат заострени критериуми за вработување, државата објави десетици огласи.

Во експересна собраниска постапка, Собранието ги изгласа законските измени со кои се овозможува трансформација во траен работен однос, со што практично преку ноќ се содадоа услови за вработеувања на три илјади лица, кои ги најави владата.

Вработувања во Влада, државни агенции, градинки, претпријатија.. 

Со новите огласи, се вработуваат лица во детски градинки во Охрид, Скопје, Кичево, Штип, Кочани, Прилеп, Велс, Битола, Куманово, Гевгелија и Дебар.  Вратите за нови вработувања ги отворија и ЈП Макеоднски шуми, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ЈП Македонска радииодифузија, Јавното претпријатие за државни патишта, ЈУ Завод за социјални дејности. Решение за траен работен однос ќе добијат волнтери, оние што работеле на оперделно време или со договор на дело.

„Со Законот за трансформација во редовен работен однос се обезбедува решавање на статусот на неколку илјади лица кои се ангажирани по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договор во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија“, изјави вицепремерот Владимир Пешевски.

Зошто среде политичка криза Владата посегна по овие вработувања? Според дел од аналитичарите, ова е последниот “воз“ за вработувања под државна капа за да се избегне новиот, ригореозен закон за администрација. Кон карјот на 2014 та година исто така беа објавени огласи за стотици вработувања. Дел од економиситите повикаа да се почекаат новите законски измени за вработување кои подрабираат и заострени критериуми за влез во администрацијата.

„Ако Владата брза да реализира што повеќе вработувања пред да стапи на сила новиот Закон за администрација, тогаш сметам дека на ваков начин нема да се обезбедат квалитетни вработувања, туку само кванититативно полнење на администарцијата. Јасно е дека со новиот закон, кој беше донесен и усвоен по сугестија на Европската Унија, треба да се постават повисоки и построги критериуми за вработување“, вели професорката Шенај Хаџимустафа.

По објавување на огласите за вработување, сличен став упати и професорот Давитковски.

„Овие вработувања според мене сега се спроведуваат во еден вакум простор, пред да стапи на сила новиот Закон за администрација со кој значајно се заоструваат критериумите за вработување во државна или јана служба. Сега сметам дека се вработуваат заслужни партиски војници, зошто во февруари се очекува да стапи на сила новиот закон кој ќе ги обврзе да полагаат пет, шест испити. Тука се и рамковните вработувања, кои исто така се спроведуваат во овој вакум простор“, изјави неодамна универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Од опозициската СДСМ обвинија дека три дена пред да стапат на сила новите критериуми за вработување, се случуваат масовни полнења и во Секретаријатот за рамковен договор во Владата.

„На 12. февруари, отворен е оглас за нови 154 вработувања во владиниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор. Бројката на лица влезени во овој Секретаријат во последните неколку години, без новиот конкурс е 3 334 луѓе, за кои плаќаме над 39 милиони евра годишно. Она што се издвојува во бројните огласи, освен ширењето на Секретаријатот за рамковен договор, е и ново проширување на Кабинетот на Никола Груевски“, изјави Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ.

Според партијата, истиот ден е отворен оглас и за нови 36 лица во Јавното обвинителство на Република Македонија.

„Само вчера, среде ноќ, непосредно по полноќ, се распишани 70 огласи што се однесуваат и на други државни и јавни органи“, рече Николовски.

За разлика од овие ставови, од Сојузот на синдикати на Македонија ја поздравија одлуката на Владата да вработи три илајди лица.

„Ова е децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на новниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка“, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски.

Инаку, новите законски решенија, кои веќе стапија на сила,  предвидуваат строги  критериуми за вработување во државната и јавната администрација. За вработување ќе се полагаат повеќе испити, потребно е совршено познавање на странски јазик, предвидено е оценување на вработените и други услови и критериуми. Целта e статусот на административните работници да се регулира по европски стандарди за да се обезбеди поефикасен административен апарат.

Масовен бран на вработувања во 2014, 2013, 2010 година…

Оперции за масовни вработувања се спроведоа и во последните неколку години.

Во текот на 2014-та година, а особено кон крајот на годината беа објавени огласи за стотици вработувања. Ново кадровско полнење на државните јасли се спроведе  во неколку министерства, меѓу кои, за труд и социјална политика, за финанасии, за образование. Во исто време оглас за вработување на 113 лица беше објавен и за позиции директно во Владата, потоа 180 вработувања во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Во април 2013-та година државните јасли се отворија за 1 600 невработени, со образложение дека предност имаат оние од социјално ранливите категории. Владата тогаш објасни дека станува збор за социјална мерка која треба да им помогне на граѓаните што се без работа. Првичните проценки упатуваат на тоа дека само за да се реализираат овие вработувања ќе бидат потребни 8 милиони евра на годишно ниво.

„Целта на новата владина мерка е да се помогне на овие луѓе, да им се овозможи да излезат од сиромаштија и да обезбедат егзистенција за своите деца“, изјави тогаш, минсиетрот за финанси, Зоран Ставрески.

Непосредно пред овие вработувања се спроведе и операцијата за привремени вработувања на околку 4 000 илајди лица кои главно се рапоредија во општинските и јавниот претпријатија.Проценките беа дека овие луѓе буџетот ќе го чинат 1,5 милиони евра.

Анализата на буџетките документи покажува дека ставката за плати и придонеси е во постојан пораст. Така, ако во 2008-ма година таа изнесувала 373 милиони евра, сега во 2015-та година изнесува скоро 400 милиони евра.

Плати и надоместоци:

2015-та година                            400 000 000  евра

2008-ма година                           373 000 000 евра

Но, сепак, ова не е конечната сума за финасирање на администрацијата. Преку бџетската ставка „допнителни услуги“, која годишно се ближи и до 400 милиони евра, според дел од економистите, се финасираат популарните „договори на дело“. По сериозните предупредувања од Европската Комисија дека треба да се запре со овој модел на вработувања во администрацијата, Владата во 2010-та година, 5000 привремени вработувања ги трасформираше во трајни вреботувања.

За пет години, вклучувајќи ја оваа 2015-та, само за испалта на плати и на надоместоци се потршени близу 1,9 милјарди евра.

 

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада