РТС – Белград
Огласот на Министерството за одбрана со листа на оружје и воена опрема кои има намера да ги продаде предизвика големо внимание во јавноста, но и дилеми. Војската тврди дека тоа нема да ја намали нејзината борбена готовност, бидејќи поседува помодерно оружје од тоа кое се продава. Со увидот на списокот кој се наоѓа на сајтот на Министерството за одбрана, може да се заклучи дека главно се работи за оружје кое потекнува од 50, 60 и почетокот на 70-тите години и беше ударна тупаница на Титова Југославија.
Најкрупниот дел од арсеналот кој војската има намера да го продаде се тенковите Т-55, кои беа основна оклопна сила на ЈНА и на Војската на Југославија подоцна.
Станува збор за тенк кој уште кон крајот на 70 и почетокот на 80-тите години многу армии почнаа да го ставаат во втор план, Црвената армија и останатите социјалистички армии.
Условно кажано недостатокот на овој тенк се слаб топ, лоша оклопна заштита и недоволна подвижност во однос на конкуренцијата. Интересно е дека постојат проекти на модернизација на тенкот Т-55 и тоа своја верзија, додека другите земји своите тенкови 55 или ги продале или ги конзервирале и ги оставиле како воена резерва.
Отпис уште во 2004 година
За потсетување од оружјето кое е на актуелниот список, Војската на Србија и Црна Гора уште од 2004 година објави дека го повлекува следното оружје: 210 тенкови Т-55, 72 оклопни транспортери М-60, 98 хаубици од 105 милиметри, 54 хаубици од 155 милиметри, 1.014 противавионски топови 20-3 милиметри…
Со оглед на тоа дека од 2004 година е променета структурата на војската, сигурно е дека и многу други борбени средства се исфрлени од употреба.
Основните аргументи за неперспективност на пример се малиот дострел и лошата мобилност за хаубиците, слаба оклопна заштита и лоша мобилност за оклопните возила. Целото тоа оружје во некоја модерна војна би било збришано од земјата за многу кусо време.
Од оружјето кое исто така не се користи, а се продава, се и бестрзајните топови М-60 чија основна намена е противоклопна борба. Тие на пример по испалувањето креваат голем облак на прашина и така ја откриваат позицијата.
И прагите на продажба
За многумина е спорна продажбата на 48 противавионски топови М-53,59 прага, од чехословачко производство, пред се поради позитивното искуство на сите завојувани страни кои го користеле ова оружје во текот на 90-тите години.
Меѓутоа, прага не се покажале најдобро во рушење на авиони, туку во уништување на бункери, утврдени позиции и цивилни објекти.
Тие повеќе години не се користат во војската, а не е познато и колку праги се наоѓаат во магацините. Познато е дека постои опција за модернизација, монтирање на ноќни нишани и низа електронски уреди.
На листата за продажба на прв поглед е и голема количина на муниција. На пример, противоклопни тромблонски мини. Тие во светот се повеќе се заменуваат со фрлачи на гранати, бидејќи ефикасноста е слична, а обуката и брзината на пукање се поедноставни и што е најважно многу се побрзи.
Се продаваат и 9.163 парчиња пиштоли М-70 калибар, 7,65 милиметри, кои веќе со години не се користат во војската бидејќи се покажал како неефикасен, а интересно е дека масовно го користат на пример работници на обезбедување во банките и поштите.
Во истиот калибар 7,65 на листа е и автоматскиот пиштол шкорпион, кој е стандардно оружје кај војници во оклопни возила и тенкови, а се продаваат над 7.500 парчиња.
Вишокот на шкорпиони настанал со значително намалување на бројот на оклопните возила и тенкови, како во активната служба така и во резервниот состав на Војската на Србија.
На продажба се и стандардните автоматски пушки на Застава, М-70 и тоа вкупно 3.500 парчиња, но тоа е незначителна количина, со оглед на фактот дека тоа оружје и денес се произведува во Крагуевац.
Еден од најкрупните контингенти се фрлачите на противоклопни ракети од типот М-79 ОСА. Ова оружје на пример во текот на 80-тите години била основна ударна тупаница на општонародната одбрана на СФР Југославија, бидејќи се сметало дека земјата ќе ја нападне непријател со голем број на тенкови и други оклопни возила.
СР Југославија, а потоа и Србија наследија огромни количини на ова оружје и тоа е најприближниот одговор на прашањето зошто над 5.000 парчиња се понудени на продажба.
Важно е да се потенцира и дека ова оружје се продава веќе десет години, но и дека некои типови на оружје и воена опрема кои порани биле на листата за продажба, сега се исфрлени од таа листа.