Саркози: Ципрас нема никакви шанси да успее

Од:

Двајцата поранешни француски претседатели Никола Саркози и Валери Жискар д’Естен со песимистички оцени за перспективите на Грција, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Никола Саркози, во утринското интервју за радиото Еуроп1, оцени дека „Алексис Ципрас на чело на Грција нема никакви шанси да успее“.

Според лидерот на опозициската УМП (блиска до Нова демократија) потребно е да им се каже на Грците: – Вие треба да си ги платите долговите. Никола Саркози сепак притоа изрази желба да се промени начинот на на кој функционира Европа.

„Грција треба да излезе од еврото и да се врати на една монета која може да се девалуира, ако сака да ги реши проблемите со кои се соочува“ – оцени Валери Жискар д’Естен, другиот поранешен француски претседател. Тој предупредува од поголема криза во евро зоната ако Грција и понатаму остане во неа.

Влегувањето на Грција во еврото во 2001 година беше евидентна грешка, јас бев против тоа и го каќав“ – подвлекува д’Естен во интервјто за денешното издание на „Екхо“.

„Грција не може да ги реши своите проблеми ако нема монета која може да се девалуира, Значи потребно е да се предвиди ова сценарио на смирен начин, со ладни глави и во интерс на самата Грција“- вели овај убеден еврофил.

„Ова излегување, треба да дозволи подготовка на нејзино евентуално враќање подоцна“, осигурувајќи дека „Грците имаат целсоно место во Европската Унија.

„Процесот на уредно излегување може да се одвива на неконфликтен начин, во заеднички интерес на сите. Тоа е она што јас би го нарекол ‘friendly exit’ (пријатлески излез). Тоа би го нарекол едно излегување во пријателски дух“ – вели поранешниот француски претседател Валери Жискар д’Естен.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Грција

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната