Терорист планирал да предизвика ерупција на супервулкан

Од:

Триесетгодишниот Шихеб Есегајр од Тунис на кого во Канада му се суди поради тоа што планирал да крене во воздух патнички воз, изјавил дека имал намера да предизвика природна непогода од катастрофални размери во американскиот национален парк Јелоустон.

Тој на судот рекол дека ерупција на супервулканот кој лежи под националниот парк би предизвикала смрт и деструкција од невидени размери.

-Зарем не би било прекрасно моите најголеми непријатели да ги зафати национална катастрофа- изјавил тој.

На судот исто така можело да се слушне дека тој и неговиот соучесник Ареј Џејза имале два алтернативни терористички планови, да ги отрујат војниците и да ги убијат светските лидери со санјперски напад.

Инаку според најновите истражувања ерупција на супер вулканот кој се наоѓа во утробата на националниот парк би предизвикала катастрофа од невидени размери, бидејќи тој е во состојба да исфрли повеќе од 250 квадратни километри магма и да милијарди тони пепел. Иако супервулканот не еруптирал веќе 70 илјади години, но тој се уште е активен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто