Негативна инфлација за месец јануари во Франција

Од:

Цените на потрошувачката во Франција се намалија за еден отсто во Франција под влијание на зимското снижување на цените, забележувајќи со тоа намалување на цените за 0,4 отсто за периодот од една година, со што инфлацијата падна на најниското ниво од септември 2009 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Според податоците објавени од Институтот за статистички и економски студии на Франција (ИНСЕЕ) во декемеври ритамот на инфлацијата бил 0,1 отсто.

Сите идникатори покажуваат дека цените се намалиле, со исклучок на тутунот.

Во однос на прехранбените производи цените се зголемиле за 0,1 отсто порадо покачувањето на цената на свежите производи, а цените на енергијата се намалија шест месец по ред за  минус 2,1 отсто, со што годишното намалување изнесува 7,1 отсто.

Според ИНСЕЕ Франција им се приклучи на листата на европски земји каде цените паѓаат.

Евро зоната во целина од пред два месеци се соочува со негативна инфлација. Таа негативна инфлација на прв поглед е во полза на потрошувачите и според ескертите таа ќе продолжи и во идните месеци. Економистите стравуваат дека Франција може да се најде во дефлација.

Дефлацијата е период на намалување на цените, но исто така и на платите, што се одразува со одложување на купувањата и ги обесхрабрува инвеститорите во претпријатијата. Кога ќе се воспостави феноменот на дефлација, тој ја парализира економијата и тешко се излегува од него.

Со само еден месец на негативна инфлација, Франција барем засега не се наоѓа во дефлација.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата