Парламентот во Молдавија, со поддршка на комунистите, изгласа малцинска проевропска влада, бидејќи падот на молдавскиот леј предизвика економски превирања.
Пратениците ја изгласаа владата на премиерот Чирил Габурици, 38-годишен бизнсмен, бидејќи минатата едела на гласањето не беше дадена поддршка на владата на другиот мандатар.
Проевропските Демократска и Либерално демократска партија, кои во ноември на изборите освоија 42 од 101 пратенички места во парламентот, во јануари постигнаа договор за малцинска влада, но не можеа лесно да добијат поддршка од трета партија.
Комунистите кои добија 20 пратенички места, тогаш најавија дека ќе ја подржат владата во зависност од тоа кој ќе биде предложен за премиер.
Е. Г.