ОБСЕ повика за целосно почитување на договорот од Минск

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ги повика денеска и двете страни во украинскиот конфликт целосно да го почитуваат договорот од Минск за прекин на огнот, јави ТАСС.

– Во овој момент е важно сите воени дејствија да бидат неодложно прекинати и Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ да добие целосен пристап до сите области на Украина, во и околу Дебалцево, апелираше актуелниот претседавач на организацијата со седиште во Виена, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој изрази загриженост во врска со извештајот на Специјалната мисија дека не и било дозволено да го посети реонот на источниот украински град, преземен вчера од проруските сепаратисти, и покрај тоа што договорот за прекин на огнот стапи во сила од саботата на полноќ.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он