Мареј: Бекер не го подобри Ѓоковиќ

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј изјави дека не гледа никаква разлика во играта на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ откога го тренира Борис Бекер.

– Да бидам искрен не гледам никаква разлика во играта на Новак сега, во споредба со периодот кога не му беше тренер Бекер. Германецот не го направи подобар, истакна Мареј.

Сепак, Шкотланѓанецот за резултатите на Ѓоковиќ вели дека се фантастични.

Тој се осврна и на неговата соработка со новиот тренер, Французинката Амели Морезмо.

– Таа ме направи многу подобар. Критиките од медиумите упатени кон неа се неосновани и се израз на непочитување, додаде Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров