По повод Светскиот ден на социјалната правда, 20 февруари, Иницијативата СОЦИЈАЛНА ПРАВДА СЕГА! ќе организира проекција на документарни прилози за социјалните права и дебата со граѓаните на Штип.
На Плоштад Слобода во 17 часот и Плоштад на пријателството во 18:30 часот, ќе има видео проекција која, меѓу другото, ќе содржи:
– анкета на граѓан(к)ите на Штип за социјалната правда во нивниот град и за иднината на младите во Штип
– сведоштва на вработени во текстилната индустрија во Штип
– Изјави од градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, експерти за социјална правда и човекови права, претставници на граѓанското општество и германската амбасадорка, Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер.
„На паноата поставени на плоштадите, граѓан(к)ите ќе можат своите размислувања да ги напишат, ќе послужиме чај да се згрееме, а секако ќе имаме можноост да размениме мислења и искуства на микрофон или во меѓусебните разговори.“, соопштуваат од Цивил
„Социјална правда сега!“ е иницијатива на организации на граѓанското општество засегнати со растечките проблеми во сферата на социјалната правда во Република Македонија. Неа ја сочинуваат ЦИВИЛ – Центар за слобода и Македонска платформа против сиромаштија. Иницијативата е поддржана од Фондација „Фридрих Еберт “и е отворена за организации, граѓански групи и поединци кои се залагаат за социјална правда.
Активностите на иницијативата се состојат во јакнење на јавната свест и застапување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.
Иницијативата „Соцјална правда сега!“ се залага и за заштитата на другите социјални и општествени категории како што се хонорарците, младите, стечајните работници, социјално загрозените и низа други социјални групи во општеството. Сите тие секојдневно се соочуваат со грубо кршење на нивните социјални права и со дискриминација од институциите на централно и локално ниво и работодавачите.