Американецот Реџи Кили (203 см, 119 кг) е најновот засилување за кошаркарскиот шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Кили (23) во Скопје дојде од Холандија, каде бил играч на Аполо Амстердам. Инаку на почетокот на сезоната тој бил на проба во Шопорн, но не ги задоволил вкусовите на Унгарците.
Американецот во дресот на МЗТ ќе дебитира на вечното дерби со Работнички кое ќе се одигра в среда (18:30 часот).