Паѓа нивото на водата во Тиквешкото Езеро

Од:

Паѓа нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Во моментов нивото на езерската вода е на кота од 262,48 метри надморска височина, информираше денеска директорот на Водостопанство „Тиквеш”, Љубе Димов.

Тој нагласи дека редовно се следи состојбата на терен и засега нема опасност од прелевање, бидејќи хидроцентралата “Тиквеш” интензивно работи и произведува струја со максимален капацитет.

– Нивото на водата е некаде на истата кота како и минатата година во овој период. Значи нема потреба од загриженост бидејќи не постои опасност од евентуални излевања, додаде Димов.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава