Оштетен дел од водоводот кој води во велешкото езеро „Младост“

Од:

Непознати лица вчера оштетиле дел од водоводниот систем кој води кон велешкото езерото „Младост“, а во близина на браната на езерото.

Како што појасни на денешната прес-конфереција градоначалникот Славчо Чадиев, направена е голема штета, при што е уништен голем дел од заштитата на водоводот, откорнати се алуминиумските облози, расфрлена е заштитата против замрзнување.

– Буквално е изгмечен, уништен голем дел на цевководот пред браната, потенцира Чадиев.

Според него, среќна околност е што температурата деновиве не е толку ниска, а што би можело предизикало и дополнителна штета по системот и негово замрзнување со што и целокупниот систем би бил вон употреба.

– Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте ги изградените капацитети. Нека останат наша гордост. Наместо за поправка на објектите и опремата нека останат средства за нов водовод и канализација, за нов парк и ново катче за игра и одмор. Да не се уништува направеното! Чувајте го сето она што го имаме! Тоа е купено и направено со пари на граѓаните, и им припаѓа на граѓаните. Колку подобро ги чуваме изградените работи, толку подолго и ќе ги имаме, потенцира Чадиев.

Водоснабдителниот систем со пумпената станица за велешкото езеро „Младост“ кој се градеше изминатите три години свечено беше пуштен на 6. октомври минатата година.Вреден е 42 милиони денари, средства кои се заем од Светската Банка преку Министерството за финансии,од кои, како што информира Чадиев, веќе е исплатена втората рата.

Со системот со здрава вода за пиење се снабдуваат не само мотелите и населбата околу езерото, туки и останатите четири илјади жители од околните населени места.

Градоначалникот Чадиев најави дека за едне месец ќе биде завршен и канализациониот систем кај езерото „Младост“.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза