Собранието даде на натамошна процедура измени и дополнувања на закони во прво читање

Од:

Пратениците, на продолжението на 35. седница на Собранието, денеска ги прифатија првите читања и ги дадоа на натамошна процедура измените и дополнувањата на законите за шумарска и ловна инспекција, за Државниот инспекторат за земјоделство и за шумите, за ловството и за безбедност на храната за животни.

Со измените и дополнувањата на Законот за шумарска и ловна инспекција, како што појасни пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димоски, се врши усогласување со Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, односно се уредува забраната и спречување вршење на нерегистрираните дејности. Се регулира кој ја издава и одзема службената легитимација на инспекторот и се дополнува во делот на предавањето на одземените предмети запленети од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предвидени се и овласувања на инспекторите и прекршочните одредби.

– Законот е во функција на поголема ефикасност на работењето на инспекторите вработени во Државниот инспекторат за шумарство, рече Димовски.

Пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев истакна дека инспекторите се самостојни во вршење на инспекцискиот надзор, во своите задачи ги исполнуваат јавните интереси според одредени прописи.

Роза Топузова – Каровска, пак, посочи дека треба да се стави ред во делот на глобите. Според неа, законите треба да се почитуваат и оти нивното санкционирање треба да се санкциноира, но глобите треба да бидат соодветни на прекршокот.

За предлог законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски појасни дека е предвидена одредба со која на инспекторатот му се дава можност да врши инспекциски надзор согласно законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност.

Со измените и дополнувањата на Законот за шумите, Костадиновски појасни дека се предвидува усогласување на одредби од овој закон со одредби за Законот за забрна за вршење нерегистрирана дејност, со кои се утврдува и носењето и ракувањето со оружјето, до кое имаат пристап вработени во шумската полиција и во шумочуварските служби. Во случај на одредено кривично дело или прекршок оружјето времено се одзема, се предвидува можност на лицата кои имаат сторено кривично дело или одреден прекршок да бидат упатени на психијатар за советување. Се уредуваат и односите на лицата кои чуваат, носат и ракуваат со оружје во шумската полиција и во шумочуварските служби во Македонски шуми.

Пратеникот Марјанчо Колевски истакна дека со новиот закон треба да се доуреди делот за вршење на задачите на испекторот, чувањето на шумите, овластувањето на шумската полиција и чувошумарската служба.

Пратениците ги усвоија и првите читања од предлог законите за дополнување на законите за ловството, за безбедност на храната за животни.

По редовната пауза пратениците ќе продолжат со работа по дневниот ред од 35. седница.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали