Македонската тенисерка Лина Ѓорческа која како четврта носителка настапува на фјучрсот во Анталија турнирот го почна со победа.
Ова воедно за неа е прв триумф во сингл откако на претходниот турнир беше елиминирана во 1.коло.
Ѓорческа денеска славеше победа во два сета – 2:0 (6:4 и 7:5) над Надија Колб од Украина. Воедно ова за неа е втор триумф против Украинката, која ја победи и лани на турнир во Варна.
Во следната рунда нашата тенисерка ќе игра со подобрата од мечот Мила Попивода (Србија) – Корнелија Листер (Шведска).
Во игра на двојки Ѓорческа со Ленка Виенерова од Чешка се рангирани како први носителки.