Двајца полицајци со брза реакција успеале да спасат живот на шеесет и тригодишна жена од Окланда на Нов Зеланд, откако нејзиниот автомобил паднал во вода во пристаништето Вејтемат.
Предниот дел од автомобилот веднаш потонал, па жената дошла до задниот дел од возилото и очајнички се обидувала да се спаси.
Луѓето кои биле во близина повикале полиција, која што веднаш дошла до местото на настанот.
Пол Вотс и Сајмон Расел го скршиле стаклот со камен и ја извлекле жената, а нејзиниот автомобил во следниот момент целосно потонал.
-Доколку задоцневме само малку, автомобилот ќе потонеше заедно со жената. Се обидував да го задржам на површина но не успеав -вели Расел.
Неговиот колега акцијата за спасување, која траела само 40 секунди, ја опишува како „вообичаен дел од нивната работа“. Со истрага ќе биде утврдено како жената ја изгубила контролата над автомобилот.
Е. Г.