Вршителот на должност амбасадор на Либија во Никозија синоќа бил нападнат од непознато лице, при што се здобил со сериозни повреди на главата.
Веднаш по нападот либискиот дипломат бил пренесен во болница.
Нападот се случил кога тој се враќал од работа. Според кипарските медиуми, либискиот дипломат му се спротивставил на напаѓачот, кој го удрил по главата со тежок предмет.