Првото доделување на Оскар: Кусо, скромно и без пренос

Од:

Првото доделување на наградите Оскар била единствена церемонија во историјата на Американската филмска академија која не е пренесена во живо.

Според лондонски Телеграф, инаугуралната свеченост, одржана на 16 мај во 1929 година во присуство 270 поканети гости, поминала во опуштена атмосфера, без нервоза и стресно очекување, бидејќи имињата на добитниците во 12 главни категории веќе биле објавени три месеци претходно во Лос Анџелес Тајмс.

Само по една година, овој настан ќе добие радиски пренос, а набрзо потоа ќе прерасне во глобален феномен.

Ланското доделување на Оскар го следеа 43 милиони гледачи само во САД, а во текот на четиричасовниот спектакл испратени се 19,1 милион оскаровски пораки на Твитер. Во Долби театарот во Лос Анџелес на 22 февруари на доделувањето на Оскарот за 2015 година ќе бидат поканети 3.300 гости, што е многу повеќе од првите 270 кои пред 86 години платиле по 5 долари за да присуствуваат на церемонијата.

Настанот се одиграл во хотелот Рузвелт кој бил изграден две години претходно и чиј еден од инвеститорите бил секако не случајно, претседателот на филмската академија Даглас Фербенкс.

Гостите на свеченоста во таа 1929 биле сместени во балската сала на хотелот, украсена со бели теписи и арт деко канделабри. Седејќи на околу 36 банкетни маси, пиеле најдобри калифорниски вина и јаделе готвено пилешко на тост и печена риба во сос од путер.

За големиот пад на Вол стрит, кој ќе се случи по пет месеци, никој се уште тогаш не размислувал.

Самото доделување траело само 15 минути. Наградени се филмови кои биле прикажувани во период меѓу 1 август 1927 и 31 јули во 1928 година.

Фербенкс и потпретседателот на академијата Вилијам Ц. Демил постар брат на Сесил Б. Демил, во таа прилика врачиле 30 сантиметри високи, позлатени трофеи, кои само за пет години ќе го добијат името Оскар.

Основа тема на вечерата биле звучните филмови. Првата церемоијиа воедно била и последна на која биле прикажани само неми остварувања.

Звучниот филм, чиј развој бил почнат со познатиот стих од филмот Џез пејач – You Ain’t Heard Nothin’ Yet, најавувал револуција во филмската индустрија која не напредувала многу.

Како што Гор Видал потенцирал во својата книга Историја на филмот: Филмовите во текот на 1920-тите и не биле толку популарни како пред Првата светска војна.

На филмот Џез пејач не било дозволено да се натпреварува за награда за најдобро остварување, бидејќи академијата сметала дека не е фер да се дозволи на звучните филмови да се натпреваруваат со немите.

Многу гости на таа прва свеченост знаеле дека во светот на филмот ќе се случат големи промени. Еден од нив бил декан на Универзитетот Стенфорд кој во Холивуд дошол да ја промовира новата студија посветена на филмот.

Првиот Оскар за најдобро остварување е доделен на филмот на Вилијам Велман Крила, за пилоти од Првата светска војна, кој со буџет од два милиона долари бил до тогаш најскап холивудски проект. Крила освоил и награда за најдобри инжинерски ефекти.

Церемонијата не била ни модна екстраваганција каква што станала подоцна. Добитничката на Оскар за најдобра женска улога, тогаш 22 годишната Џенет Гејнор, излегла на сцената да ја прими наградата во скромен фустан. Наградата ја добила за улогата во сите три филма за кои била номинирана: Седмо небо, Уличен ангел и Зора.

Германскиот глумец Емил Јанингс освоил Оскар за најдобар глумец за улоги во филмовите Последна наредба и Судбината на секое патување. Откако во 1941 година министерот за нацистичка пропаганда Јозеф Гебелс го прогласил за државен уметник, Холивуд се трудел да ја сокрие оваа непријатна епизода.

На таа прва церемонија на големиот Чарли Чаплин бил доделен првиот почесен Оскар, истиот кој оваа година беше украден во Париз, а чија вредност на пазарот се проценува на над милион долари.

Прво бил номиниран за најдобар глумец, најдобар сценарист и најдобар режисер на комедии, а потоа Чаплин бил повлечен од тие категории за да му биде врачено специјално признание за уметничка генијалност во пишувањето, за глума и продукција. Таа одлука многумина ја припишале на неговата непопуларност во Холивуд.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка