Француската опозиција бара гласање доверба на Владата

Од:

Пратеничката група на опозициската конзервативна Унија на народното движење (УМП) во француското Национално собрание најави дека ќе поднесе барање за гласање доверба на Владата на Мануел Валс, јави дописникот на МИА од Париз.

Центристичката Унија на демократите и независните (УДИ) се уште нема одлучено дали ќе се приклучи кон ова барање за гласање доверба, поднесено од УМП.

Барањето за гласање доверба следува откако Владата одлучи да донесе нов законски акт со кој се регулираат многу прашања поврзани со економијата. Имено, овој документ се носу со владина одлука без гласање во Парламентот, но затоа пратениците можат да побараат гласање доверба на Владата.

Овој законски текст, според предлагачот, министерот за економија Емануел Макрон, треба да ги реши „трите болести на Франција – довербата, комплексноста и корпоратизмот“.

Поздравен од страна на работодавците, долументот наиде на критики од сите страни и на тој начин претрпе многу промени. Дури и во редовите на владејачкото мнозинство на социјалистите, сите пратеници не го поддржуваат овој законски акт.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата