Звонко Буљан ново засилување за Фени Индустри

Од:

Хрватот Звонко Буљан е новото засилување на КК Фени Индустри.

Информацијата ја потврди тренерот на кавадаречкиот тим Љупчо Малинков, кој потенцира дека со доаѓањето на хрватскиот кошаркар, екипата ќе биде значително засилена, пред се на центарската позиција.

Дваесет и осумгодишниот Буљан кој е висок 206 сантиметри, треба да даде дополнителна сигурност во играта под обрачите, но кавадарчани тука нема да застанат, туку планираат барем уште едно засилување.

– Планираме да доведеме уште едно квалитетно засилување во следниот период, со што би ја комплетирале екипата за завршницата од оваа сезона, изјави тренерот на Фени индустри, Љупчо Малинков за спортскиот портал „Екипа’’.

Хрватскиот интернационалец минатата сезона го носеше дресот на словенската екипа Крка, во која соработуваше со македонскиот селектор Александар Џикиќ, а тековната сезона ја почна во грчкиот тимот Колосос.

Во својата богата интернационална кариера тој настапувано за: Керванос (Кипар), Корменд (Унгарија), Ле портел (Франција) и Телеком Бон (Германија).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос